На Гризман не му одговара климата на Флорида - за малку ќе колабираше (ВИДЕО)

Антоан Гризман беше херој на Орландо Сити во победата од 1-0 против Сан Диего, но францускиот напаѓач по натпреварот беше во центарот на вниманието и поради една друга причина.

Гризман го постигна единствениот гол на натпреварот, но условите за игра на Флорида очигледно му создадоа големи проблеми. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како искусниот Французин едвај стои на нозе и се обидува да се разлади за време на паузата за освежување.

Причината, според бројните реакции од навивачите кои живеат на Флорида, е огромната влажност на воздухот, која во комбинација со високите температури значително го отежнува играњето фудбал. И покрај тешките услови, Гризман успеа да го реши натпреварот. Во 28. минута погоди за 1-0, со што му донесе важни три бода на својот тим.

Видеото од неговата реакција на високата влажност брзо се прошири на социјалните мрежи, а фановите со шега коментираа дека Флорида му приредила посебен тест на искусниот француски ас.