Ѓорческа ѝ одржа лекција на седмата фаворитка на челинџерот во Анталија!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, убедливо го почна настапот на турнирот од ВТА 125 серијата во турскиот град Анталија, откако денеска ја елиминираше седмата носителка, српската тенисерка Миа Ристиќ (6-1, 6-3).

Мечот, кој траеше еден час и 26 минути, помина во целосна доминација на македонската претставничка. Во првиот сет таа експресно стигна до водство од 4-0 со два направени брејка. Најголемата борба се одвиваше во седмиот гем, кој се играше дури 16 поени, пред Ѓорческа да ја искористи својата четврта сет-топка за да го добие првиот сет. Во вториот дел од играта, клучниот момент се случи во четвртиот гем кога македонската тенисерка направи нов брејк за водство од 3-1, предност која сигурно ја зачува до самиот крај на мечот.

Со овој триумф на турнирот со награден фонд изнесува 115.000 американски долари, Ѓорческа го презеде водството во меѓусебните пресметки против Ристиќ (2-1). Нејзин следен предизвик дуелот со италијанската тенисерка Аурора Ѕантедески, која претходно без поголеми проблеми ја совлада Софија Лансере (6-2, 6-2).