Мбапе нема дилеми: „Јас треба да ја освојам Златната топка“

Килијан Мбапе без никаква дилема смета дека заслужува да ја освои „Златната топка“ за 2026 година. Францускиот напаѓач отворено порача дека, доколку тој самиот го имаше правото на глас, би гласал за себе.

Мбапе зад себе има сезона во која остави сериозна трага, а неговиот настап на Светското првенство дополнително ја засили неговата кандидатура за најпрестижната индивидуална награда.

„За кого би гласал за Златната топка? Би гласал за себе. Тоа е индивидуална награда и треба да видиме што направил играчот индивидуално. Луѓето велат дека останав без трофеј? Никогаш не сум видел ниту еден победник на Златната топка кој ги исполнил апсолутно сите критериуми. Дали некогаш некој ја освоил Златната топка едногласно? Не. Тоа значи дека секогаш постои некој што сметал дека играчот не ја заслужува“, изјави Мбапе.

Toj ги посочи рекордите и бројките од најголемите натпреварувања кои ги оствари во 2026 година. Французинот стана најдобар стрелец во историјата на Светското првенство, а беше и прв голгетер во Лигата на шампионите и шпанското првенство.

„Да бидеш најдобар стрелец во историјата на Светското првенство е нешто што им останува во сеќавањето на луѓето. Да бидеш најдобар стрелец во најголемите натпреварувања, каде што играат најдобрите фудбалери – Лигата на шампионите, Светското првенство... Не знам дали некој го направил тоа претходно. Верувам дека создавањето историја секогаш треба да биде наградено“, додаде фудбалерот на Реал.

Оваа година Златната топка ќе биде доделена на 26 октомври, само еден ден по големото дерби меѓу Барселона и Реал кое ќе се игра на Камп Ноу.