Монфис се збогуваше со грен-слем кариерата, сега оди да работи во – канцеларија!

Познатиот француски тенисер Гаел Монфис ја заврши својата богата грен-слем кариера со пораз во второто коло на Ју-Ес Опен од американскиот тенисер Лернер Тиен.

Монфис на емотивен начин се збогуваше со публиката на Ју-Ес Опен, а потоа истакна дека нема да остане во спортот.

Имено, Монфис откри дека нема да се посвети на тренерската работа или на стручни коментари, туку ќе започне кариера во сосема друг сектор.

„Следната година отворам ново поглавје. Почнувам да работам во финансии. Веќе потпишав договор за работа во управување со средства со една компанија во Швајцарија. Моето следно поглавје, значи, се канцеларијата и финансиите. Тенисот секогаш ќе го следам бидејќи го сакам, а и сопругата сè уште игра“, изјави Монфис.

Фото: US Open Tennis