Траоре си даде бизарен автогол со глава, Обамејанг го израдува Депортиво во 88. минута (ВИДЕО)
Домаќинот стигна до почетно водство во 19. минута со погодокот на Николас Пепе, но пред крајот на првото полувреме, гостите израмнија преку Луисми Круз. Во вториот дел, натпреварот го одбележа невообичаен автогол на Адама Траоре во 76. минута, кој со удар со глава ја затресе сопствената мрежа и му донесе нова предност на домашниот тим.
Сепак, гостите од Ла Коруња не се предадоа и брзо одговорија на предизвикот. Само три минути подоцна, Захарија Едахури донесе ново израмнување (2-2), за во самиот финиш, во 88. минута, Пјер-Емерик Обамејанг да реализира за целосен пресврт и конечна победа на гостите.
ФОТО: Х / @Noitedecopa