Челси ја договори замената за Фернандез, ќе плати 55 милиони евра

Екипата на Челси ја договори замената за Енцо Фернандез кој кариерата ја продолжува во Манчестер сити и тоа е Ламин Камара од Монако.

Челси од трансферот на Аргентинецот ќе заработи 146 милиони додека Камара во Лондон пристигнува за сума од 55 милиони евра.

Монако даде дозвола и Сенегалецот, веднаш по лекарските прегледи во самата завршница од преодниот рок ќе го комплетира трансферот во лондонскиот гигант.

Покрај Монако каде што пристигна во 2024 година, Камара во Франција го носеше и дресот на Мец, додека кариерата ја почна во татковината во екипата на Каса Спортс.

Фото: AS Monaco/X