Шок за Роналдо: На Ал Наср може да му се одземат бодови, па дури и да биде исфрлен од лига!?

Според информациите на дел од медиумите во Саудиска Арабија, Ал Наср би можел да се најде во сериозни проблеми поради активната финансиска истрага која се води против клубот.

Наводно, Ал Наср има долгови поголеми од 213 милиони долари, а тоа значи дека не е во можност да доведува нови играчи или да ги продолжува договорите со фудбалерите кои веќе се дел од тимот.

Медиумите пренесуваат дека со ангажманот на Саму Коста се достигнал лимитот за овој преоден рок, а сите последователни трансфери се под истрага и тука ситуацијата веќе станала сериозна.

Се појаснува дека правилата се такви што, доколку се утврди надминување на лимитот и зголемување на долгот, Ал Наср најпрво може да биде казнет со одземање бодови, но дури и да биде исфрлен од најсилното првенство доколку потпиша договор било каков договор со некој фудбалер пред дадобие одобрение од Комитетот за финансиска констрола.  

Одобрението мора да биде издадено пред реализација на каков било трансфер доведување нов играч или продолжување на соработката со фудбалер од првиот тим или академијата.

Секако, исфрлањето од лигата би било крајната казна за сериозно кршење на правилата, но и самото одземање бодови би било голем проблем за клубот кој се обидува да ја одбрани титулата.