Рајт: Среќен сум, очекувам и во ноември да играм за Македонија!
Мозес Рајт одигра одличен натпревар против Австрија, имаше највисок индекс од сите наши кошаркари и ги оправда очекувањата од него. По триумфот во Виена, Американецот со македонски пасош посочи дека е задоволен од прикажаното и очекува сличен настап и на следните натпревари.
Македонската кошаркарска репрезентација конечно најде вистински доминантен центар на кого може да се потпре во иднина и во борбата за пласман на Европското првенство.
„Секогаш е убаво да се победи, но имавме многу загубени топки. Можам да набројам уште неколку слабости, но се на се, задоволен сум бидејќи ја завршивме нашата работа за која дојдовме овде. Среќен сум и поради атмосферата во екипата, одигравме добар натпревар и заслужено победивме“, вели Рајт.
„Ни претстои натпревар против Кипар во Скопје во ноември, можеби ќе биде тешко на физички план, но подготвени сме за тоа бидејќи знаеме како да играме и јас лично сум одиграл голем број такви натпревари. Очекувам да бидам во репрезентацијата и на тој натпревар“, изјави кошаркарот на Олимпија Милано.
Македонија во ноември игра на домашен терен против Кипар и ако слави на тој меч, ќе биде на милиметри од пласман во квалификациите за Европското првенство.