Челси има нов голман: Мартинез се пресели во Лондон (ФОТО)

Англискиот гигант Челси продолжува со нови засилувања во летниот преоден рок, па така денеска го промовира голманот Емилијано Мартинез кој доаѓа од редовите на Астон вила.

Челси за услугите на искусниот аргентински голман платил околу 8.7 милиони евра, а се очекува Мартинез да биде прв голман на „сините“ по лошиот старт на сезоната за Роберт Санчез.

„Доаѓањето во Челси за мене беше лесна одлука. Среќен сум и со нетрпение го чекам почетокот. Сакам да бидам успешен. Јас сум човек кој сака да победува во сè што прави и сакам да освојуваме титули со овој тим“, кажа Мартинез.

Доаѓањето на Мартинез го отвора и прашањето дали Санчез ќе остане втор голман или ќе си замине, со оглед на тоа дека премиерлигашот го има и младиот и талентира Мајк Пендерс.