Барселона го сакаше, Реал Мадрид го доби!

19-годишниот талент од средниот ред на Расинг Сантантер, Серхио Мартинез, потпишува за Реал Мадрид, кралскиот клуб ја победи Барселона во трката по потписот на младиот фудбалер.

Мартинез ќе потпише за Реал Мадрид до 2030 година, кралскиот клуб за него ќе плати сума од само 3 милиони евра.

Барселона се интересирала за Мартинез, но тој кога слушнал за интересот на Реал Мадрид, немал дилеми која ќе биде нговата следна дестинација.

Покрај Реал и Барса, за него интерес имало од Англија, Германија и Саудиска Арабија.

Тој веднаш по доаѓањето во Мадрид ќе почне да тренира со првиот тим, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде префрлен кај младинците или ќе работи под палката на Жозе Мурињо.