Аргентина доби олеснување од ФИФА за казните по скандалот во финалето на СП
Откако Леандро Паредес, Нахуел Молина и Тиаго Алмада добија суспензија, Аргентина побара од ФИФА да овозможи суспензијата да се отслужува и на пријателски натпревари.
ФИФА го разгледа предлогот и го прифати, а тоа е големо олеснување за Аргентинците, иако сè уште ги чека долга пауза.
Паредес, кој доби 10 меча суспензија и требаше да биде надвор од репрезентацијата повеќе од една година, сега би можел да се врати на почетокот на 2027 откако Аргентина ќе договори неколку пријателски средби.
— FOLLOW:ABOKR10 (@ganoargentinatv) July 20, 2026