Челси би го продал Фернандез на Сити само под еден услов

Челси е подготвен да го продаде Енцо Фернандез на Манчестер сити, но под услов до затворањето на преодниот рок да успее дополнително да го засили тимот, пишува „Скај Спорт“.

Англискиот медиум наведува дека Сити и Челси засега не преговарале, меѓутоа Аргентинецот не беше во составот во победата против Лутон во Лига купот.

Менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, по натпреварот изјави дека Фернандез е „добар професионалец“ кој добро тренира, а одлуката дали ќе биде на располагање за неделниот натпревар во Премиер лигата против Брајтон ќе биде донесена кога мечот ќе се приближи.

Да потсетиме, инсајдерот Николо Шира претходно оваа недела објави дека Фернандез сака да го напушти клубот и дека побарал трансфер во Сити.

Аргентинецот, наводно, веќе ги договорил личните услови со Сити и треба да потпише договор до 2032 година. Во Сити се уверени дека можат да го реализираат трансферот со Челси вреден 130 милиони евра.

Фернандез пристигна во лондонскиот клуб во јануари 2023 година од Бенфика, за тогаш рекордни 121 милион евра за британските клубови, а договорот со „сините“ му важи до 2032 година.

Во случај на заминување на Фернандез, Челси разгледува неколку опции за засилување на средниот ред.

Меѓу нив се Алекс Скот од Борнмут и Адам Вортон од Кристал Палас, иако нивните клубови не сакаат да ги продадат. Се шпекулира и за Едуардо Камавинга, кого Реал Мадрид.