Поднесена пријава против Звезда, се бара трајно да биде исфрелена од Европа! (ФОТО)
Агенцијата „Бета“ пренесува дека центарот поднел официјална пријава против Звезда поради величањето на Ратко Младиќ за време на натпреварот од Лига Европа против Викторија Плзен, како и поради последователното објавување и промовирање фотографии со спорните пораки преку официјалните канали на клубот на социјалните мрежи, пренесоа сараевските медиуми.
„Клуб кој свесно ги користи своите официјални комуникациски канали за ширење пораки со кои се величи човек правосилно осуден за геноцид, не може таквото постапување да го сведе на однесување на навивачите. Ова повеќе не е само прашање на трибините, туку на институционалниот однос на клубот кон вредностите врз кои УЕФА го темели европскиот фудбал“, се наведува во пријавата.
За време на натпреварот, кој вчера се одигра во Чешка, навивачите на белградскиот клуб истакнаа транспаренти со порака „Генерале, вечна слава и благодарност“, проследено со скандирање на името на Ратко Младиќ, а од МЦС оцениле дека овој случај не може да се набљудува исклучиво како однесување на дел од навивачите.
