Три меча од 5. коло ќе се пренесуваат на Арена, два натпревари ќе одат на Јутјуб!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека три натпревари од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се пренесуваат на „ТВ Арена“ додека два дуели ќе бидат со преноси на Јутјуб.

ФФМ соопшти дека дуелите меѓу Силекс - Шкендија, Струга – Брегалница и Тиквеш – Вардар ќе бидат со телевизиски пренос, додека пресметките меѓу Арсими – Скопје и Башкими – Шкендија Арачиново ќе се пренесуваат на Јутјуб, по што ќе следи одложен пренос на „ТВ Арена“.

„Во однос на натпреварите од 5. коло од Прва МФЛ, информираме дека двете пресметки кои се играат во викенд-терминот ќе бидат достапни за следење во живо преку официјалната YouTube платформа на ФФМ, додека телевизиското емитување ќе биде реализирано со одложен пренос на ТВ Арена: Арсими – Скопје, сабота, 23:00 часот и Башкими – Шкендија Арачиново, недела, 22:45 часот. Трите останати натпревари од 5. натпреварувачкото коло ќе се емитуваат во директрен пренос на ТВ Арена Спорт Македонија“, соопшти ФФМ.