Еден од најдобрите фудбалери на Брегалница се здоби со тешка повреда!

Македонскиот прволигаш Брегалница соопшти дека еден од најстандардните фудбалери на тимот, Давид Калпачки се здобил со тешка повреда и ќе биде подолг период надвор од фудбалските терени.

Калпачки ги скинал предните вкрстени лигаменти поради што го чека долга пауза надвор од терените, а тоа е голем проблем за Брегалница.

„Ја известуваме јавноста дека на еден од последните тренинзи нашиот креативец и еден од најстандарните и најкорисни играчи, Давид Калпачки заработи потешка повреда - руптура (кинење) на предните вкрстени лигаменти, која ќе го оддалечи од терените подолг временски период. Му посакуваме брзо закрепнување“, соопшти Брегалница.

Фото: ФК Брегалница