Растат тензиите во Мадрид: Алварез повторно не се појави на тренинг (ВИДЕО)
Неговото отсуство доаѓа во момент кога трансферната сага околу неговото можно заминување од Мадрид достигна кулминација. Извршниот директор на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин, неодамна призна дека Алварез е во многу тежок период и дека ситуацијата сериозно влијаела врз него.
Алварез на ваков начин сака да изврши притисок врз упрвата на Атлетико за да го продаде до крајот на летниот преоден рок, иако од клубот соопштија дека нема да му дозволат трансфер во Барселона.
На дел од фејсбук-страните на Барселона се појави информација дека Алварез пријавил дека има депресија и со тоа го „оправдал“ отсуството, меѓутоа засега нема официјален извор кој би го потврдил тоа.
🤯 EL ATLETI ENTRENA SIN JULIÁN ÁLVAREZ POR TERCER DÍA@AS_JesusColinos pic.twitter.com/SL4hIyPyVj
— Diario AS (@diarioas) August 28, 2026