Јунајтед мора итно да го менува дресот, против Хал ги прекршил правилата

Манчестер Јунајтед мора итно да го промени дизајнот на дресовите, бидејќи на натпреварот од првото коло против Хал Сити ги прекршил правилата на Премиер лигата за опремата.

Тимот на овој натпревар се појави без задолжителниот амблем на лигата на ракавот, а пропустот мора да биде исправен и до следниот настап за да се усогласат со прописите.

Клубот во натпреварот кој го загуби од Хал беше без спонзор на левиот ракав, откако му истече договорот со компанијата „DXC Technology“, вреден 20 милиони фунти годишно.

Според правилото на Премиер лигата, клубовите кои немаат комерцијален спонзор на ракавот се должни на двата ракави да го носат официјалниот амблем на натпреварувањето. 

За Манчестер јунајтед е добро што и покрај пропустот ќе помине без санкции.