Македонските фудбалери со убедлив пораз го завршиja настапот на МИ во Таранто!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши својот настап на Медитеранските игри во Таранто со убедлив пораз од Мароко (1-5), во рамките на последниот натпревар од Групата А.

Со овој резултат, избраниците на селекторот Александар Таневски се пласираа на последното место во групата, во конкуренција со репрезентациите на Турција, Тунис и Мароко. Македонската селекција го заврши турнирот со вкупен учинок од едно реми и два порази, со негативна гол-разлика од еден постигнат и осум примени погодоци.

Натпреварот против Мароко започна со ран шок за македонскиот тим, откако противникот поведе уште во 43. секунда. Македонија брзо возврати и успеа да израмни преку Дарјан Тасев во 4. минута, но мароканските фудбалери во продолжението ја презедоа целосната контрола врз играта и стигнаа до висока победа.

МАКЕДОНИЈА: Јовановски, Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Матески, Незировски, Тасев, Голубов и Тасевски, а во игра влегоа Николовски, Манојлов, Арифи, Делов и Бојаџиев.