Голгетер од Премиер лигата го тужи својот клуб, тврди дека договорот му е неважечки
Лондонскиот клуб уште во 2024 година ја активираше опцијата за продолжување на соработката, па според важечкиот договор, Матета официјално би требало да остане во клубот до крајот на оваа сезона.
Меѓутоа, 29-годишниот француски напаѓач смета дека споменатата клаузула требало да биде поништена и дека уште ова лето требало да има статус на слободен играч.
Откако неговиот случај беше разгледан во Англија, светска фудбалска организација донесе одлука дека решавањето на овој спор не е во нејзина надлежност.
Jean-Philippe Mateta goes to war with Crystal Palace: Wantaway striker takes his club to FIFA over claims the final months of his contract should be void https://t.co/uLxmhhpwtq
— Daily Mail Sport (@MailSport) August 22, 2026
И покрај правните турбуленции и договорот кој е предмет на спор, челниците на Палас оваа недела без размислување го одбија официјалното барање на Астон Вила за негов трансфер.
Се очекува во самиот финиш на преодниот рок уште неколку клубови да се обидат да ја искористат ситуацијата и да го доведат голгетерот.
Матета на „Селхрст Парк“ пристигна од германски Мајнц, најпрво на позајмица во траење од една и пол година, по што во јануари 2022 година потпиша договор на четири и пол години со опција за продолжување.
Фото: Equipe de France