Македонија ќе има двајца борачи во полуфинале во Таранто!

Македонија ќе има двајца борачи во полуфиналето на Медитеранските игри и тоа Реџеп Хајдари и Фати Вејсели.

Хајдари во категоријата до 94 килограми до полуфиналето стигна со една победа и еден пораз во првиот дел од натпреварувањето каде што прво загуби од гркот Дурен Куруглиев со 10-0, додека во втората борба беше подобар од Мароканецот Чеки Лахло со 11-0.

Полуфиналето на програмата денеска од 17:24 и во него противник ќе му биде Адлан Вишканов од Франција.

Вејсели пак во категоријата до 74 килограми полуфинале обезбеди со победите од 4-1 против Египќанецот Амин Махмуд и Тунижанецот Бен Тлили. Негов противник во полуфианалето ќе биде Турчинот Јасин Јесил.

Претхдно елиминации доживеаја Могамедгаџи Нуров и Мехмет Усинов, додека Бесар Алили и Ахмад Магемедов и понатаму имаат можност да бидат дел од репасажот.