Сити пред првиот натпревар во сезоната го договори најголемото засилување!

Веќе нема никакви дилеми, Ајуб Буади ќе биде замената за Родри во Манчестер сити, а неговиот трансфер ќе биде рекорден во историјата на Лил.

Манчестер сити и Лил постигнале договор за вкупната отштета вклучувајќи ги и бонусите од 100 милиони евра со што Буади ќе стане најскап фудбалер во историјата на францускиот клуб.

Во Манчестер тој ќе биде замена за Родри кој ова лето ги напушти „граѓаните“ и продолжи во Барселона.

Потврдата за трансферот пристигнува пред првиот натпревар на Манчестер сити во сезоната денеска против Бормут од 15:00 часот. Во истиот термин игра и Лил против Анже во Франција, а Боуади поради заминувањето нема да биде дел од овој натпревар.