Мечувалците Дамјановски и Бундалевски ја поминаа групната фаза во Таранто
Дамјановски во своите борби со по 5-3 беше подобар од Даниеле Фофана и Чади Ел Чемали од Либан, додека порази претрпе од Махмуд Монсшен (5-2) и Мигел Фразо (5-3).
Противник во првата рунда од елиминациите ќе му биде Артемос Цованис од Грција.
Бундалевски пак славеше поебди над Али Таб (5-3) и Панајотис Тодорополус (5-1), а загуби од Ведран Мароката (5-2), Енрико Пијати (5-2) и Мохамед Елсајде (5-3).
Во елиминацината фаза ќе има можност да му се реваншира на Италијанецот, Пијати.