„Падна“ најславниот рекорд на Болт – го урнаа два роботи на иста трка! (ВИДЕО)

Хуманоидниот робот „Тијангог Ултра“ постави нов неофицијален рекорд во трката на 100 метри, откако патеката ја истрча за неверојатни 9,39 секунди.

Со тоа ја проби магичната граница од 9,5 секунди, нешто што досега не му успеало на ниту еден човек. Резултатот беше постигнат во квалификациите на Светските игри на хуманоидни роботи во Пекинг и е побрз од светскиот рекорд на Јусеин Болт.

Зад него заврши роботот „Лајтинг“ со време од 9.47 секунди што исто така е побрзо од рекордот на Болт од 9,58 секунди, поставен на Светското првенство во Берлин во 2009 година.

Сепак, резултатите од Игрите на хуманоидни роботи не влегуваат во официјалната атлетска статистика, туку се своевидна демонстрација на напредокот на роботската технологија.

Колку брзо напредува технологијата покажува споредбата со минатогодишното натпреварување. Тогаш победничкиот робот истата делница ја истрча за 21,50 секунди. Тоа значи дека за само една година роботот го подобрил својот резултат за повеќе од 12 секунди.