Георгиевски се пласираше во четвртфиналето во Таранто

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласираше во четвртфиналето на Медитеранските игри откако беше подобар од Тунижанецот Моатаз Ифауи.

Георгиевски до победата дојде во во три рунди со резултат 2-1 за десет минути и 47 секунди.

Четвртфиналето во кое Георгиевски ќе се бори со Берат Демирчоглу од Турција е закажано за 16:12 часот.

Денеска настап имаше и Филип Блажевски кој со 2-0 загуби од Босанецот, Незат Хусиќ.