Меси постигна нов гол, ама не го спаси Интер Мајами од нов пораз (ВИДЕО)
По мирното прво полувреме без голови, Торонто за само три минути во вториот дел постигна два гола. Гостите погодија во 59. и 62. минута и стекнаа предност од 2-0. Интер Мајами долго не успеваше да најде одговор, а надежта се врати во 82. минута. Меси одлично им избега на противничките дефанзивци, излезе во добра позиција и прецизно погоди за 1-2.
Аргентинецот повторно го презеде товарот врз себе, но овојпат ниту неговиот погодок не беше доволен за Интер Мајами да избегне пораз. За Меси ова беше 923. гол во професионалната кариера, но радоста повторно остана во сенка на лошиот резултат на неговиот тим.
Интер Мајами се наоѓа во сериозна резултатска криза. Во последните пет натпревари тимот има дури четири порази и само едно реми, што е алармантна форма за составот кој има амбиции да се бори за највисоките позиции.