Tрабзонспор на Салах му доведе поранешен соиграч од Ливерпул

Бразилскиот дефанзивен играч за врска Фабињо постигна со Трабзонспор и доколку успешно ги помине лекарските прегледи, ќе потпише договор со турскиот клуб.

Триесет и двегодишниот фудбалер на тој начин се враќа во европскиот фудбал по три години поминати во Саудиска Арабија, а повторно ќе ја дели соблекувалната со својот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах, кој претходно летово го засили тимот од Трабзон.

Фабињо во изминатите три години беше член на саудиски Ал Итихад, а претходно пет сезони го носеше дресот на Ливерпул.

Заедно со Салах во 2019 година ја освои Лигата на шампионите, додека една година подоцна и титулата во Премиер-лигата. За репрезентацијата на Бразил одигра 36 натпревари.

Фабињо ќе биде уште едно големо име во турскиот фудбал, а познато е дека, покрај Трабзонспор, ова лето сериозно се засилија и Фенербахче и Бешикташ.

Поради тоа, актуелниот шампион Галатасарај сезонава ќе има жестока конкуренција во борбата за шампионската титула.