Магија во Англија: Ова е можеби и голот на годината! (ВИДЕО)
На стадионот „Сент Ендрјус“, Бирмингем го пречека Бристол сити, а натпреварот заврши со реми 2-2. Сепак, по мечот најмногу се зборува за неверојатниот гол на Дом Балард за Бристол во 85. минута.
Во една акција, Рио Кардинес испрати центаршут од левата страна, додека Балард од прва, со пета на маестрален начин испрати удар кој заврши во мрежата на големо воодушевување на сите на стадионот.
DOM BALLARD THAT IS GOAL OF THE SEASON ALREADY🤯🤯🤯
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) August 22, 2026
BRISTOL CITY SCORE LATE AT BIRMINGHAM pic.twitter.com/OFQ3Yl1Ntp