Mурињо во пет часот наутро разговарал со Диоманде: За него сум подготвен да умрам на теренот!
Фудбалерот истакна дека е горд и среќен бидејќи му се остварил сонот. Неговата цел како што вели отсекогаш била да стане најдобар фудбалер во светот и продолжува да чекори кон тоа. За себе вели дека е скромен, но и дека е полн со самодоверба.
Диоманде никогаш нема да го заборави моментот кога дознал дека Реал сака да го доведе во своите редови.
„Беше како сон, бидејќи не постои поголем клуб. Откако дознав, не можев да спијам. Не можев да поверувам што се случува. Разговарав со Јуни, а потоа и со шефот. Ме изненади бидејќи зборуваше на француски. Мурињо стана во 5 часот наутро само за да разговара со мене. Тоа ми покажа колку сум му важен. Кога Реал ќе те повика, едноставно не можеш да кажеш ’не’, па затоа реков: ’Ако ме сакате, доаѓам’“, изјави Диоманде.
Тој се присети и на првите зборови што му ги упатил Мурињо.
„Штом пристигнав, ми рече: ’Ти ветив дека ќе бидеш дел од мојот тим и еве тука си’. Му одговорив: ’Пресреќен сум што ќе работам со тебе бидејќи си најдобар’. Можам многу да научам од него, тој е вистинскиот тренер за мојот понатамошен развој. Подготвен сум и да умрам на теренот за него“, порача Диоманде.
Посебно е интересно што Диоманде дебито во професионалниот фудбал го имаше токму на „Сантијаго Бернабеу“ како фудбалер на Леганес.