Организаторите го одврзаа ќесето, наградите на Ју-Ес Опен ќе бидат најголеми во историјата
Американската тениска асоцијација (УСТА) ги објави финансиските детали пред почетокот на турнирот, а бројките се навистина импресивни. Вкупната сума е за 20 отсто поголема од минатогодишните рекордни 90 милиони долари.
Ова е втора година по ред во која наградниот фонд расте за 20 отсто, а за само две години вкупната сума наменета за тенисерите е зголемена за дури 44 отсто.
Најмногу, очекувано, ќе заработат шампионите. Победникот и победничката во сингл конкуренција ќе инкасираат по 5,5 милиони долари. Дури и оние кои ќе бидат елиминирани уште во првото коло ќе добијат значителна сума, 140.000 долари.
Наградата од 5,5 милиони долари е најголемата поединечна сума што досега му била доделена на шампион на еден тениски турнир.
Фото: US Open