Најстариот фудбалер постави нов рекорд - даде два гола на 59 години! (ВИДЕО)

Поранешниот јапонски репрезентативец, Казујоши Миура, постави нов рекорд во јапонскиот фудбал. 

Во победата на неговата Фукушима јунајтед со 7-0 против аматерскиот клуб Ојама во Купот на Императорот, Миура реализираше два пенали и на 59 години стана најстариот стрелец во историјата на ова натпреварување.

Миура рекордот го постави на возраст од 59 години, пет месеци и 24 дена. Со тоа го надмина достигнувањето на поранешниот јапонски играч за врска Шинџи Оно, кој имаше 41 година кога постигна гол во истото натпреварување.

За Миура ова е неверојатна 42. сезона во професионалниот фудбал, што е рекорд за кој се смета дека веројатно никогаш нема да биде надминат.