Мусиала двапати колабираше, но ќе продолжи да игра - Баерн не бара замена!

Во Германија, главна тема е здравствената состојба на Џамал Мусиала кој за три дена двапати колабираше на фудбалски терен, информациите се позитивни.

Мусиала ги исплаши сите кога се онесвести на мечот против Лајпциг, но уште повеќе ги загрижи фановите кога истото му се случи и три дена подоцна против Хајденхајм.

По првиот пат немаше многу информации што точно се случува, но откако падна и по втропат, на површина излегоа деталите.

Самиот фудбалер излезе со сооптшение и информираше дека се работи за невролошка дисфункција.

Се јави и извршниот директор на Баерн Минхен кој кажа дека се свесни за ситуацијата подолго време, тоа што се случи не е изненадување.

„Секако дека од претходно сме свесни за целата ситуација. Се консултираме редовно со невролозите и останатите специјалисти. Сите советуваа дека треба да игра, клубот не треба да го спречува во тоа, бидејќи тоа е патот до опоравувањето“, изјави Јан Кристијан Дрезен.

„Неуролозите кои го лекуваат се уверени дека се добро ќе заврши. Нивниот став е дека психолошки ќе може да се врати на нивото на кое беше. Ние веруваме и играчки, особено бидејќи зглобот веќе не му прави никаков проблем. Ова лето со неколку потези покажа дека се враќа во старата форма. Баерн на секој начин е со него“.

Во баварскиот клуб се мирни и веруваат дека се ќе биде во ред. Клубот воопшто не размислува да бара негова замена.