Ѕвезда на Баерн колабира по само осум минути поминати на терен (ВИДЕО)

Јамал Мусиала повторно колабира на теренот, откако исто нешто му се случи и пред три денови, а тоа ги загрижи навивачите на Баерн Минхен.

Тренерот Винсент Компани во 61. минута му даде шанса на Мусиала против Хајденхајм, но само осум минути подоцна фудбалерот падна на тревникот.

Докторите веднаш интервенираа, а Мусиала со помош на неколку членови на медицинскиот персонал се упати кон аут-линијата.

Мусиала претходно колабира и на пријателскиот натпревар против Лајпциг, а повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.