Мусиала колабираше двапати за три дена, па откри што му се случува (ФОТО)

Џамал Мусиала колабира повторно на теренот, и тоа втор пат во три дена, со што ги загрижи навивачите. Сепак, ѕвездата на Баерн Минхен реши да објасни што му се случува.

Мусиала влезе во игра во 61. минута против Хајденхајм, а колабира по само осум минути поминати на тревникот, но реши да ги смири навивачите и да им ја открие вистината.

„Ми беше дијагностицирана привремена, краткотрајна, но лесно третирачка состојба на отсуство на свест, која е предизвикана од невролошка дисфункција.

Ова може да доведе до моменти како оние што неодамна се случија против Лајпциг или сега во Хајденхајм.

Знам дека на прв поглед овие ситуации изгледаат страшно, но за мене во моментов тие се дел од секојдневието. Во најдобар медицински третман сум и сум многу оптимистичен. Баерн и луѓето од моето најблиско опкружување се постојано покрај мене и ме поддржуваат на овој пат.

Важно е да знаете дека не постои дополнителен ризик по моето здравје. Во тесна координација и редовна комуникација со експертите, моја лична желба беше да се соочам со овој предизвик и, со одобрение од невролошките специјалисти, да продолжам да го правам она што најмногу ми помага во закрепнувањето: едноставно да продолжам со секојдневниот живот и да ја следам мојата страст - играњето фудбал“, објави Мусиала.