Динамо Загреб има за што да жали, прокоцка два гола предност против Викинг

Динамо Загреб одигра нерешено против Викинг (2-2) во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).

Хрватскиот гигант имаше одличен почеток, па постигна два гола за 10 минути преку Бељо и Лисица, но радоста не траеше долго.

Викинг знаеше како да ги казни домаќините во продолжение, па најпрво Кристијансен намали на 1-2, а потоа Трипиќ стрелаше за 2-2 во 39. минута.

Динамо доминираше во вториот дел, но не беше прецизен во нападот, односно од 10 удари само еден одеше во рамките на голот на норвешката екипа.

Сепак, ништо не е загубено за Динамо бидејќи во реваншот ќе има шанса да обезбеди пласман во групната фаза на ЛШ и 30 милиони евра.

На останатите натпревари вечерва, Фенербахче и Лион одиграа 1-1, а Левски и АЕК одиграа без голови (0-0).

Фото: Facebook/GNK Dinamo Zagreb