Соколи уште не се сигурен суперлигаш, ама веќе потпишаа - бомбастично засилување!
По неодамнешната промоција на поранешниот македонски селектор Марјан Србиновски, штипјани вечерва како нов лидер го ангажираа поранешниот репрезентативец, Александар Костоски. Интересно е што Србиновски беше предводникот од клупата на последниот настап на Македонија на едно Европско првенство, тоа во 2015 година во Загреб, додека Костоски беше наш најдобар стрелец на овој собир со 49 поени на пет натпревари. Тој е дете на Работнички, a досега во кариерата на домашна сцена има играно за Вардар, Торус, Куманово, МЗТ Скопје, Гостивар и ТФТ, како и за екипи од Франција и Романија.
Челниците на Соколи се очекува наскоро да ги промовираат уште и Марјан Јанески и Ивица Димчевски, додека во тимот останува уште еден ветеран – Никола Караколев. Штипјани за да добијат суперлигашки статус освен што ќе треба да ги исполнат сите логистички услови за тим од елитата, ќе треба да платат и 40.000 евра.