Не е само Баркола: Ливерпул за 220 милиони евра може да купи двајца играчи на ПСЖ

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ибрахим Мбаје, постигнал договор со Ливерпул за личните услови, пренесува „РМЦ Спорт“.

Мбаје има 18 години, висок е 175 сантиметри и игра на позицијата десно крило, а во првиот тим на Пари Сен Жермен беше приклучен во сезоната 2024/25, откако претходно настапуваше за младинските категории на европскиот и француски шампион.

Минатата сезона се наметна како редовен првотимец и одигра 29 натпревари, главно влегувајќи од клупата, постигна три гола и запиша две асистенции.

Сенегалецот сега наводно ги договорил деталите за петгодишниот договор со Ливерпул, кој бара засилувања на крилните позиции по заминувањето на Мохамед Салах.

Сепак, Мбаје не е единствениот фудбалер на ПСЖ кој е интересен за „црвените“. Ливерпул подолго време е заинтересиран и за францускиот репрезентативец Бредли Баркола.

Сепак, потешкиот дел од работата допрва му претстои на клубот од „Енфилд“, Пари Сен Жермен бара 145 милиони фунти за Баркола и уште 50 милиони фунти за Мбаје. Во евра, францускиот шампион го проценува тандемот на дури 227,9 милиони евра, па останува да се види дали договор ќе биде постигнат.

Фото: Liverpool FC/FB