Русинка освои злато во Загреб, па Хрватите ја расплакаа (ВИДЕО)
Додека стоеше на победничкиот подиум, немаше ниту руско знаме, ниту руската химна, па младата гимнастичарка се расплака.
И покрај тоа што Меѓународната и Европската гимнастичка федерација официјално ја укинаа забраната за настап на руските спортисти во мај 2026 година, локалните власти во Хрватска инсистирале на санкциите да останат на сила.
Така рускиот тим морал да се натпреварува под неутралното име „Светски гимнастичари“.
При доделувањето на медалите наместо симболот на Русија, на церемонијата било истакнато неутралното знаме на натпреварувањето, а наместо руската химна била интонирана химната на светската гимнастика.