Два месеци нема ниту трага, ниту глас: Познат атлетичар исчезнал по одмор во Мароко

Светот на атлетиката веднаш по завршување на Европското првенство (ЕП) во Бирмингем го потресе загрижувачка вест, а се однесува на поранешниот атлетичар, Леон Батист кој е исчезнат.

Батист не бил присутен на шампионатот во својата земја, односно веќе два месеци никој не успеал да го лоцира каде се наоѓа. „Гардијан“ објави дека тој исчезнал по одмор во Мароко.

Поранешниот атлетичар бил во Мароко со неколку пријатели за да се забавува, меѓутоа му се губи секоја трага.

„Тој беше мирен и повлечен човек. Никој не знае што му се случило. Ова е загрижувачка информација“, вели еден од британските атлетичари, кој сакал да остане анонимен.

Батист беше одличен на кратки патеки, па освојуваше златни медали во 2010 година на трки на 200 метри, како и штафета 4 по 100 метри. Има и златен медал од Европско јуниорско првенство од 2003 година.