Премиерлигашите потрошија повеќе пари од Серија А, Ла Лига, Бундеслига и Лига 1 заедно!

Клубовите од Премиер лигата досега во летниот преоден рок потрошија дури 2,14 милијарди фунти на засилувања, а до крајот на трансфер-маркетот остануваат уште две недели и најверојатно сумата дополнително ќе се зголеми.

Интересно е тоа што премиерлигашите потрошија повеќе пари од сите клубови од останатите лиги во топ-5 заедно. Екипите од Серија А потрошија 780 милиони фунти, во Ла Лига се потрошија 515 милиони, во Бундеслигата 505 милиони, а во Лига 1 „само“ 412 милиони фунти.

Лидер во трошење е актуелниот светски клупски шампион Челси со 348 милиони фунти, по што следи Тотнем со 228 милиони, а потоа Арсенал и Манчестер сити кои потрошија по 151 милион.

Премиерлигашите освен што трошат пари, исто така и продаваат фудбалери, па први се и во заработка. Тие добија околу 1,28 милијарди фунти, додека зад нив се калчолигашите со 320 милиони, па шпанските тимови со 185, а Бундеслигата и Лига 1 се далеку под таа сума.