Срамни сцени во Бразил: Нејмар и Мендез направија циркус (ВИДЕО)

Нејмар и Тиаго Мендез направија циркус пред натпреварот меѓу Васко и Сантос (0-3), а потегот предизвика големо внимание и реакции на социјалните мрежи.

Капитенот на Васко одби да се поздрави со Нејмар, иако предводникот на Сантос очекуваше такво нешто од неговиот ривал.

Овие двајца фудбалери, сепак, не се во добри односи веќе шест години. Проблемите почнаа во 2020 година во францускиот шампионат на дуелот меѓу ПСЖ и Лион, кога Мендез имаше жесток старт врз Нејмар и го повреди.

Нејмар потоа го навредуваше Мендез, а инцидент имаше и во февруари оваа година, па делува дека уште долго ќе останат непријатели.