Неверојатно: Дуплантис го освои четвртото злато на ЕП! (ВИДЕО)

Арманд Дуплантис по четврти пат во кариерата стана шампион на Европа во скок со стап, откако на Европскиот шампионат во Бирмингем во првиот обид скокна 6,15, додека никој друг не успеа да надмине ниту 6,05.

Единствен кој стигна „блиску“ до Дуплантис беше Гркот Емануел Каралис, кој го освои сребрениот медал, додека Баптист Тијери скокна 5,85 и се закити со бронзата.

За шведскиот натпреварувач ова е четврто злато на европските првенства на отворено, откако претходно славеше во Берлин во 2018, Минхен во 2022 и Рим во 2024 година.