Белгиец ќе ја води Шкотска на гостувањето кај Македонија во Лига на нации
Поранешниот тренер на Монако се договори со Шкотска и го презема кормилото, а првиот поголем предизвик ќе му биде пресметката со Македонија во Лигата на нации во октомври.
Покоњоли претходно работеше и во Унион Сент Жилоа, а ги тренираше и младите категории на Генк и селекцијата на Белгија.
Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска се игра на 3 октомври од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.