Нејмар стана жртва на ново судиско правило - мораше да „одмора“ една минута надвор од терен!

Сантос славеше со 3-0 против Васко во бразилското првенство, а на натпреварот привлече внимание една ситуација од стартот на дуелот во која се најде Нејмар.

Голманот на Сантос, Габриел Бразау побара медицинска помош, па веднаш се активираше новото правило според кое еден од фудбалерите или капитенот на тимот мора да го напушти теренот на една минута.

Со оглед на тоа дека Нејмар беше капитен, тој мораше да го напушти теренот и да „одмора“ една минута пред да се врати во игра.

Новото правило предвидува таква „казна“ доколку голманот добие медицинска помош, а тренерот има 10 секунди за да одреди кој ќе ја напушти играта, но доколку не го направи тоа, тогаш автоматски од игра излегува капитенот.