Махачев од сред Америка: Ние Русите сме број еден во светот! (ВИДЕО)

УФЦ шампионот во велтер категорија, Ислам Махачев, ја коментираше својата победа над ирскиот борец Јан Мачадо Гари, истакнувајќи дека неговата победа уште еднаш ја докажала супериорноста на руските борци во овој спорт.

Махачев со едногласна одлука на судиите го задржа појасот и ја забележа 17. победа по ред, со што постави апсолутен рекорд во УФЦ. Истовремено, тој истакна дека ова е доказ за моќта на рускиот спорт.

„Ние Русите покажавме дека сме број еден во светот. Ќе ги собориме сите рекорди“, извика Дагестанецот при излегувањето од рингот по победата над Мачадо.

УФЦ 330 се одржа во Филаделфија. Махачев, кој беше сопственик на шампионскиот појас во велтер категорија, првпат го одбрани и го совлада противникот со едногласна одлука на судиите. Со тоа го сруши рекордот на Андерсон Силва од 16 последователни победи.