Падна договор: Босанец се пресели во Премиер лигата за 35 милиони евра

Босанскиот фудбалски репрезентативец Амар Дедиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата и тоа во редовите на Њукасл.

Информацијата ја потврди познатиот новинар Флоријан Плетенберг, кој преку социјалните мрежи објави дека сите детали се договорени и многу брзо трансферот ќе биде и официјално потврда.

Вредноста на трансферот изнесува 35 милиони евра, а 23-годишниот десен бек уште претходно ги договори личните услови.

Дедиќ со Њукасл ќе потпише договор до летото 2031 година.