ПСЖ наскоро ќе се пофали со две големи засилувања – од Барселона и Ајакс!
Европскиот првак, според последните информации, веќе ги договорил двата трансфера, за кои ќе издвои вкупно 105 милиони евра. Поголемото име е шпанскиот репрезентативец Торес, за кого францускиот шампион ќе ѝ плати 50 милиони евра на Барселона. Тој зад себе има одлична сезона во која беше меѓу најефикасните фудбалери на каталонскиот гигант, постигнувајќи 21 гол со три асистенции на 49 натпревари во сите конкуренции.
Уште поскапа инвестиција ќе биде 21-годишниот Мика Годс. ПСЖ ќе му плати 55 милиони евра на Ајакс за белгискиот офанзивец, кој со своите настапи во Амстердам го привлече вниманието на европските гиганти. Годс минатата сезона одигра 44 натпревари во сите конкуренции и имаше импресивен учинок од 17 голови и 15 асистенции.
Со Торес и Годс, францускиот шампион добива две сериозни офанзивни опции, а воедно испраќа јасна порака за своите амбиции во новата сезона – со инвестиција од 105 милиони евра дополнително го засилува нападот.