Италијански атлетичар ја има најлошата фризура на ЕП во Бирмингем (ФОТО)

На Европското првенство (ЕП) во атлетика, кое се одржува во Бирмингем, овие денови не се зборува само за резултатите, туку и за имиџот на италијанскиот спринтер Филипо Деца.

На социјалните мрежи веднаш се проширија фотографии од неговиот имиџ, а сите велат дека тоа е најлошата фризура која ја забележале на атлетската патека.

Сепак, зад необичниот изглед се крие традицијата на италијанската репрезентација, односно ритуал со кој нови членови се воведуваат во репрезентацијата.

„Тоа е традиција која ја одржувам со своите колеги од националниот тим. Се надевам дека ќе ми донесе среќа. Бидејќи првпат сум со националниот тим, тоа е ритуал којсе почичтува“, кажа тој.