Почина боксерски шампион кој со години беше во вегетативна состојба поради неправда во рингот (ВИДЕО)

Боксерот Причард Колон кој во 2015 година се здоби со тешка повреда на мозокот за време на боксерски меч против Тарел Вилијамс почина на 33-годишна возраст.  

Непоразениот Колон, со скор од 16-0 (13 нокаути), во 2015 година влезе во рингот против Вилијамс во борба која за жал засекогаш му го промени животот.

За време на мечот, Колон се жалеше дека неколкупати бил удиран со недозволени удари во задниот дел од главата, но судијата дозволи борбата да продолжи. Подоцна, Колон беше казнет со одземање на два бода поради удар под појасот.

Во деветтата рунда, Колон беше соборен на подот. Кога стана, неговиот агол му ги соблече ракавиците, мислејќи дека борбата е завршена, но потоа сфатиле дека мечот ќе продолжи.

По овој инцидент, Колон бил дисквалификуван, а потоа му помогнале да се врати во соблекувалната. Таму почнал да повраќа и се струполил, по што бил пренесен во болница. Лекарите му дијагностицирале субдурален хематом и итно го оперирале за да го намалат отокот на мозокот и да го отстранат хематомот. Поради повредата, Колон бил во кома дури 221 ден.

Кога се разбуди продолжи да живее во вегетативна состојба. Не можеѓе да оди ниту да зборува и за него постојано се грижеше неговото семејство.