Арсими во еден ден промовираше четири засилувања

Арсими кој ужасно ја стартуваше новата сезона, потврди четири нови потписи во еден ден.

Повратник во редовите на тимот од Чегране е Марсел Гони. Шпанскиот дефанзивец кратко замина од клубот, но повторно се договори со управата и потпиша нов договор за следната сезона.

Арсими исто така промовира и две добро познати домашни имиња. Станува збор за голманот Ристе Јанков и Мухарем Мислими. Чуварот на мрежата доаѓа од Македонија Ѓорче Петров, а порано во кариерата беше дел од Македонија Ѓорче Петров, Шкендија, Тиквеш, Брегалница, Работнички, Локомотива, Политехника Јаши и Каспиј. Од друга страна Мислими е дете на Шкендија, па играше за Дрита, Велешта, Тетекс, Беса и Башкими.

Во редовите на Арсими пристигна и Ел Хаџи Геј. 28-годишниот дефанзивец од Сенегал е поранешен фудбалер на Шкупи, додека играше уште за Феризај, Мускрон и младинските тимови на Лил по доаѓањето во Европа од Сакре Кер.