ПСЖ понуди 50 милиони евра, но Барселона бара повеќе пари за Торес!

Францускиот шампион ПСЖ испрати понуда од 50 милиони евра за трансферот на Феран Торес, откако претходно ги договори условите со шпанскиот фудбалер, но Барселона веднаш ја одби затоа што сака повеќе пари за својот фудбалер.

Според последните информации, преговорите меѓу двете екипи напредуваат, а ПСЖ очигледно ќе мора да понуди повеќе пари за да го добие потписот на Торес.

ПСЖ сакаше да ја искористи ситуацијата и да го добие за помалку пари, но новинарот Фабрицио Романо објави дека Барселона ќе бара најмалку 70 милиони евра.

Шпанецот претходно ги договори личните услови со ПСЖ, па сега чека „зелено светло“ од Барселона за да го комплетира трансферот.

Фото: Barcelona/Facebook